Вицепремиерот Анѓушев се сртена со делегација на Либанско-македонскиот бизнис совет

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев денеска имаше средба со бизнис делегација од Република Либан, предводена од Самер Соуфан, претседател на Либанско-македонскиот бизнис совет и извршен директор на Арабеле Интернешнл.

Кабинетот на Анѓушев соопшти дека на средбата се дискутираше за можностите за инвестирање од страна на либански компании во Република Македонија, при што од страна на претставниците на Либанско-македонскиот бизнис совет беа презентирани неколку потенцијални инвестициски проекти од енергетиката, со посебен фокус на обновливите извори на енергија, туризмот, лесната индустрија и од областа на мултимедијално рекламирање.

Вицепремиерот Анѓушев истакна дека Владата на Република Македонија е отворена за соработка со странски инвеститори, секој понуден проект ќе биде внимателно разгледан и оценет од аспект на влијанието на домашната економија. Тој дополни дека презентираните проектни идеи се навистина интересни, и вреди истите да бидат дополнително развиени, внимателно анализирани и доколку се оцени дека ќе бидат од бенефит за македонската економија, соработката ќе биде уште повеќе интензивирана.

– Владата е отворена за странски инвестиции, добродојдени се нови инвеститори кои ќе донесат иновации, современи технологии и производи со повисока додадена вредност, а секој проект ќе биде вреднуван и од аспект на тоа какво влијание ќе има врз економијата на Република Македонија. Колку поголеми ефекти за домашната економија има од реализација на проектот, толку подобро, подвлече вицепремирот Анѓушев.

Македонско – либанските бизнис релации се интензивираа пред околу 2 години, додека Либанско-македонскиот бизнис совет е воспоставен минатата година. Како следни чекори на соработка е договорено тим на експерти да ја посети Македонија и дополнително да ги истражи можностите за инвестирање во соработка со централните и локалните власти.

Би можело да ве интересира

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Џафер и Арсовска се скараа кој е надлежен да се искоси тревата во дворот на Владата

Орце Костов

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он