Венецуела наскоро ќе брише пет нули од националната валута

Од:

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро соопшти дека од националната валута боливар наскоро ќе се отсранат пет нули.

Според Меѓународниот монетарен фонд, инфлацијата во Венецуела, која е погодена од економска и политичка криза, годинава може да достигне милион проценти.

– На 20 август стапува во сила планот за економско заживување со промената на нашата валута, со пет нули помалку, рече Мадуро на седница на Владата.

Првично беше предвидено да се печатат банкноти со три нули помалку и таа мерка да стапи во сила на 4 август. Новите пари требаше да бидат пуштени во промет на 4 јуни, но тоа беше одложено по барање на централната банка.

Според Мадуро, новата мерка ќе ги олесни финансиските трансакции и ќе го заштити боливарот.

– Пет нули помалку за нов стабилен финансиски и валутен систем, истакна тој.

Мадуро тврди дека економската криза и хиперинфлацијата во Венецуела се резултат на економската војна која десницата и САД ја водат за да го соборат од власт.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски