Ваучери за одмор за 1.777 лица со ниски примања

Од:

Министерството за економија и труд денеска додели ваучери за одмор на работници со ниски примања. Доделени се 1.777 ваучери кои ќе може да се искористат од 15 септември до 1 декември во некои од туристичките капацитети во земјава.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, кој ги врачи ваучерите, рече дека тие се доделени на граѓани кои ги исполниле условите и дека ваучерите се во висина од 18.000 денари.

– Решенијата за граѓаните кои аплицирале и ги исполниле условите согласно јавниот повик, се потпишани, согласно принципот „прв дојден, прв услужен“. Ваучери за одмор за работници со ниски приходи во домашните туристички капацитети во вредност од 18.000 денари ќе добијат 1.777 лица, посочи Дурмиши.

Министерството за економија и труд ќе издава ваучерите согласно Програмата за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски приходи во 2024 година. За оваа намена во Ребалансот на буџетот предвидени се 32 милиони денари.

Главната цел на оваа мерка е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да можат да ги посетат домашните туристички центри и истовремено да им се помогне на домашните туристички капацитети да го зголемат обемот на работа надвор од туристичката сезона.

Списокот на хотели и лица кои добија ваупчери може да се најде на веб-страницата на Mинистерството за економија.

Би можело да ве интересира

Каевски не дојде на судење, се одложи рочиштето за случајот со спортските ваучери на АМС

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

A1on

Затворен огласот за ваучер за клими поради преголемиот број на апликации

A1on

Турканци за клими пред Министерството за економија, до денеска 2.500 апликации

Катерина Ѓуровски

Гужви за ваучери за клими: Над 500 барања пристигнати првиот ден во Министерството за економија

A1on

Антикорупциска препорачува преиспитување на системот на финасирање во спортот преку ваучери