„Вашингтон пост“: Хрватска поради ЕУ ги изгуби автентичните домашни вина

Од:

– Хрватска се подготвува да го прослави влегувањето во ЕУ, но се’ уште не треба да се отвораат славеничките шишиња – иронично констатира „Вашинготн пост“ во својата сторија за напнатата расправа која се води во хрватската јавност за судбината на нивните вина „Прошек“ и „Теран“.

ЕУ одлучи – оваа балканска земја не смее веќе никаде, ниту внатре, ниту надвор од нејзините граници да го продава нивното слатко познато вино „Прошек“ затоа што носи слично име на вино кое го има во Италија.

Исто така, загрозено е и виното „Теран“, чие право на име го има соседна Словенија.

– Хрватите се многу горди на своите вина. Голем број граѓани се жртвуваа за членство во ЕУ, што вклучува губење работни места во непрофитабилни државни претпријатија.

Одлуката околу виното „Прошек“ беше уште една навреда за нив, напоменувајќи дека според најновите анкети поддршката за членство во ЕУ паднала на 45% – вели американскиот весник.

Петар Клинчарски

 

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин