Варуфакис уверен дека ќе има договор со кредиторите

Од:

Министерот за финансии на Грција Јанис Варувакис изјави дека постојат „100-процентни шанси“ Атина да постигне договор со меѓународните кредитори по референдумот закажан за в недела.

Пред само еден ден тој изјави дека подобро „ќе си ја отсече раката“ отколку што би потпишал договор со кредитори кој не одговара.

– Договорот ќе биде постигнат без оглед дали одговорот на референдумот ќе биде – да или не, изјави тој за Би-Би-Си.

– Ако победи опцијата „да“, тоа ќе биде лош договор, банките ќе бидат отворени со лош договор. Ако победи „не“, ќе имаме поинаков договор кој ќе биде одржив во согласност со предлозите кои ни се упатени во изминатите денови, нагласи Варуфакис.

Тој остро ја критикуваше политиката на штедење применета во Грција во изминатите пет години и продолжувањето на преговорите со кредиторите.

– Имаме многу лош систем на управување. Тоа не е начин на раководење со монетарната унија. Тоа е комедија, грешка веќе пет години, а Европа замижува и продолжува со сето тоа, изјави Варуфакис во интервјуто за Би-Би-Си.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент