Варуфакис: Излегување на Грција од еврозоната не е рационално решение

Од:

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис отфрли денеска повлекување на Грција од еврозоната истакнувајќи дека тоа не би било рационално решение за грчката должничка криза. Според него, единствен начин за напредок е реструктуирање на долгот.

– Отфрлам излегување на Грција како рационално решение, изјави Варуфакис за Билд. Тој додава дека дека во разговорите мора да се вклучи и германскиот канцелар Ангела Меркел.

– Договор може да биде постигнат за една ноќ. Но, канцеларката треба да учествува, вели Варуфакис.

– Треба да почнеме од почеток. Мора да направиме чистење, наведува Варуфакис.

– Не сакаме веќе никакви пари, вели тој во изјавата за Билд.

Грчкиот министер за финансии вели дека Атина е подготвена да се согласи на договор со кој ќе биде реструктуиран долгот на државата. Во Брисел синоќа беа завршени преговорите на Грција и претставници на ЕУ и ММФ без договор.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски