Увид на штетите од вчерашното невреме во Ресенско

Од:

Претставници на Министерството за земјоделство и на локалните власти денеска ќе прават увид во штетите од вчерашното невреме што го зафати Ресенско.

Според првичните информации, поројниот дожд и врнежите град предизвикале најголеми штети врз земјоделските посеви во селото Јанковец, како и во делови од селата Златари и Сопотско.

Проценките ќе ги врши Комисијата формирана во мај од Општина Ресен. Рокот за нејзиното делување ќе биде продолжен и дефиниран денеска, зависно од штетите и зафатената површина.

По завршување на проценката, ќе следува постапка за обесштетување.

Деновиве невреме имаше и во повеќе населени места во општините Струмица и Босилово, како и во Могила. Од врнежите град и поројниот дожд во Струмичко најпогодени беа пиперот и пченицата, но предизвикана беше и материјална штета на објекти и на приватен имот, додека во Могила најмногу настрада тутунот, а најголеми штети, според првичните проценки, има во селата Вашарејца, Долно Српци, Бернаци и Ивањевци.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снежна бура во САД, издадено предупредување за над 60 милиони луѓе

(ВИДЕО) Силно невреме во САД, има мртви и повредени

Горан Наумовски