Утврден Предлог-законот за гаранции за финансирање на интерконекторот за гас од Грција

Од:

Владата на денешната седница го утврди Предлогот на закон за гаранција на Република Северна Македонија за обврските по финансискиот договор наменет за финансирање на проектот „Интерконектор за пренос на природен гас Грција – Северна Македонија, делот на Северна Македонија“, кој ќе се склучи меѓу Европската инвестициона банка (ЕИБ) и АД за вршење на енергетски дејности „Национални енергетски ресурси“ (НЕР) – Скопје, во државна сопственост.

Со овој Предлог-закон, како што соопшти владината Прес-служба, Република Северна Македонија го гарантира исполнувањето на обврските од Финансиски договор меѓу ЕИБ и АД НЕР за финансирање на проектот „Интерконектор за пренос на природен гас Грција – Северна Македонија, во делот на Северна Македонија“, во износ од 28.900.000 евра, во рокови и услови предвидени во Финансискиот договор.

– Заемот може да се повлекува во најмногу 10 транши, при што минималниот износ на траншата изнесува 3.000.000 евра, а рокот за отплата на секоја транша од заемот, може да изнесува од четири до 25 години од датумот на повлекување на траншата, со вклучен грејс период кој може да биде меѓу 30 дена и пет години од датумот на повлекување на траншата, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Влада: Ќе го прифатиме секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ денеска во Владата барање за спроведување на електронски систем за внесување на записници од инспекциските надзори врз локалите

Владата е обединета, единствена, имаме чиста двотретинска поддршка, тврди премиерот Мицкоски