Усвоени законските измени, рударите ќе се пензионираат со навршен пензиски стаж

Од:

Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кои се намалува старосната граница за пензионирање на рударите. Применета на измените ќе стапи на сила веднаш по објавувањето во Службен весник.

Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, согласно ветеното во владината програма, рударите ќе можат да заминат во старосна пензија со навршување 40 години пензиски стаж за мажи, односно 35 години пензиски стаж за жени. Тоа значи дека ако сега рудар се пензионира со навршени 58 години, по ново ќе се пензионира на околу 50 години. Со овие законски измени се излегува во пресерет на долгогодишните барања на рударите и исправаме една голема неправда.

-Со измените и дополнувањата на Законот се овозможува на осигурениците кои работат на работни места на кои стажот на осигурување им се смета со зголемено траење да им се намалува возраста за пензионирање пропорционално на времето поминато на работа со бенефициран стаж. Ќе продолжиме со ветените активности во делот на бенефицираниот стаж за што веќе е подготвена анализа со поддршка на Светска банка, а ќе се прави и ревизија на сите работни места за кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење, наведува Министерстсвото за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Владата на Бугарија го одобри нацрт-договорот со Северна Македонија за изградба на заедничкиот железнички тунел „Деве Баир“

А1он

Грозданов: Оние кои носат одлуки за рударството треба да ја слушаат науката, а не лажни активисти

Грозданов: Цехот од немање визија како да се искористи рударски потенцијал за скоро ќе ни биде испорачан, кој ќе го плати!?

Божиновска: Рударите се ударни и клучни двигатели на домашната економија

Се исцртува ли визија за развојот на рударството во Македонија со формирањето на ново министерство

Горан Наумовски

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

A1on