Уставен суд: Исклучените ќе мора да плаќаат парно греење

Од:

Уставниот суд ја отфрли иницијативата поднесена од ЛДП и тројца граѓани за оценување на уставноста на одлуката исклучените граѓани од парното греење треба да плаќаат фиксен износ. Од тука, иако се исклучени ќе мора да плаќаат надоместок определен од Регулаторната комисија.

Во образложението на судот се вели во вертикалните системи каде има еден уред, исклучените станови од греење сепак добиваат енергија, па според тоа снабдувачот има основа да им испорачува сметки и да наплаќа надомест од граѓаните.

Уставниот суд одлучи да поведе постапка за два члена од правилата за снабдување со топлинска енергија. Судот смета дека не е потребна согласност од станарите за поединечно исклучување на парното во колективните згради.

Пријавувањето на нелегално користење на парното е во надлежност на снабдувачот, а не како што беше досега. на управителот на станбениот објект.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Грејната сезона завршува, доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија

ЕСМ: Греењето во Скопје е исто за сите потрошувачи

Скопјани од ноември ќе плаќаат за 4,51 отсто поскапо парно

Орце Костов

Парното поскапува, Регулаторна денеска ќе објави колку

Од ноември ќе важи нова одлука за цената на парното во Скопје

Орце Костов