Уште една држава сака да се приклучи на БРИКС, бара поддршка од Москва

Од:

Египет има намера да поднесе барање за приклучување кон БРИКС на претстојниот самит на организацијата, што ќе се одржи во Јужна Африка од 22 до 24 август.

Се верува дека Русија ќе го поддржи тоа барање, изјави претседателот на Египетскиот совет за меѓународни работи и поранешен министер за надворешни работи на Египет, Мохамед ал Ораби.

„Во вторник Египет ќе учествува на самитот на БРИКС во Јужна Африка и ќе поднесе барање за приклучување кон таа организација. Сметаме на поддршката на Русија за ова прашање“, рече Ал Ораби, пренесува Тасс.

Минатата година египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси и претстави предлог на својата влада за приклучување кон новата развојна банка-БРИКС, а египетската влада на состанокот во декември ја поддржа оваа иницијатива и ја одобри нацрт-резолуцијата на шефот на државата. Веќе на крајот на јануари 2023 година, египетскиот парламент одобри договор со кој му се дозволува на Египет да се приклучи на финансиската институција.

На 14 јуни, рускиот амбасадор во Каиро, Георгиј Борисенко, потврди дека Египет поднел барање за приклучување кон организацијата.

Самитот на БРИКС, со кој претседава Јужна Африка, ќе се одржи во Јоханесбург, а според јужноафриканскиот министер за меѓународни односи и соработка Наледи Пандора, лидерите на БРИКС ќе разговараат за проширување на организацијата.

Би можело да ве интересира

Трамп: САД ќе воведат санкции за земјите од БРИКС доколку усвојат сопствена валута

На самитот на БРИКС се договара напуштање на доларот

Лавров: Аргентина и Иран се на пат да станат членки на БРИКС

Ана Ололовска

Уште две земји сакаат да се приклучат на групата БРИКС

Иран бара членство во БРИКС

Ана Ололовска

Германски весник: Ние сме 771 милион, а тие се над три милијарди и стануваат се посилни