Унгарија, Македонија, Србија, Грција и Турција во Будимпешта ќе се договараат за „Турски поток“

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска во Будимпешта, заедно со шефовите на дипломатиите на Унгарија, Грција и Србија и министерот за ЕУ прашања на Турција, ќе учествува на министерски состанок посветен на прашања за енергетската стабилност во Регионот на Централна и Југоисточна Европа.

На состанокот кој се одржува на иницијатива на министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто ќе се разгледува интересот на земјите за поддршка на диверзификацијата на рутите и изворите за снабдување со природен гас од Република Турција.

Предвидено е земјите учеснички да усвојат Декларација за зајакнување на меѓусебната енергетска соработка.

Како што е најавено, ќе бидат разменети мислења меѓу петте држави за тоа дали се подготвени да се реализира проектот за нов гасовод „Турски поток“, односно нова траса за снабдување на регионот со природен гас, како алтернатива на „Јужен поток“.

„Турски поток“ е проект на руски „Газпром“ за пренос на гас преку Црно Море до Турција и од таму до турско-грчката граница.

Русија во декември лани соопшти дека се откажува од проектот „Јужен поток“ поради „неконструктивна позиција на Европската унија“ и беше одлучено да се гради Турски поток.

Би можело да ве интересира

„Гаспром“ е безбеден уште 110 години

Русија годинава извезла повеќе гас во Европа отколку во 2023 година

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Дали Русите ќе ги загрозат подморските кабли: Во САД загрижени за движењето на подморниците

Предраг Петровиќ

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил