Унгарија, Македонија, Србија, Грција и Турција во Будимпешта ќе се договараат за „Турски поток“

Од:

Министрите за надворешни работи на Унгарија, Македонија, Србија, Грција и Турција утре на средба во Будимпешта ќе разгледуваат перспективи за учество во проектот „Турски поток“.

Како што е најавено, ќе бидат разменети мислења меѓу петте држави за тоа дали се подготвени да се реализира проектот за нов гасовод „Турски поток“, односно нова траса за снабдување на регионот со природен гас, како алтернатива на „Јужен поток“.

„Турски поток“ е проект на руски „Газпром“ за пренос на гас преку Црно Море до Турција и од таму до турско-грчката граница.

Русија во декември лани соопшти дека се откажува од проектот „Јужен поток“ поради „неконструктивна позиција на Европската унија“ и беше одлучено да се гради Турски поток.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во регионот Курск, оштетен e гасоводот кон Европа

(ВИДЕО) Русите ги изненадија Украинците користејќи гасовод за да ги „протнат“ војниците

Русија годинава извезла повеќе гас во Европа отколку во 2023 година

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил

Голем интерес за тендерот за гасоводот Грција – Македонија

A1on