Економист – Лондон
Забележително е колку многу надежи во бизнис преговорите се применува преку тивки закани, а тоа очигледно добро го знае Алексеј Милер, шефот на рускиот гасен гигант „Газпром“. На енергетската конференција во Берлин на почетокот на минатата недела, Милер ги предупреди земјите од Европската унија дека создавањето на орган кој ќе купува гас за цела Европа по единствена цена значи дека повеќето од нив ќе треба да плаќаат повеќе, а не помалку.
– Единствената цена не е најниската цена. Тоа очигледно ќе биде највисоката цена, рече Милер.
Всушност, нема ништо очигледно во не толку завитканата закана на Милер. По принцип, колку е поголем клиентот, толку е поголема отстапката (попустот), а единствен европски купувач на руски гас може да очекува да договори доста примамлива цена. Стравот на Европа од евентуално сопирање на руската испорака значително се намали минатата година.
Ако Милер замислува дека може да убеди еден европски орган да купува по највисока цена која ја плаќа одделна европска земја, тогаш тој толку многу се изнадишал од испарувањата во својата компанија. Истовремено, всушност тој е и во право дека некои европски држави кои во моментов се радуваат на поволни услови, вклучително и Германија, можат да очекуваат покачување на цената на гасот, ако биде воведен единствениот систем за купување на гас. „Газпром“ и руската Влада го користат тој аргумент за да ги убедат европските држави да не ја прифаќаат идејата за силен центализиран енергетски сојуз.
Таа стратегија постигна некои успеси, а најновиот е со мала помош од Турција. На 7 април, Волкан Бозгур, турскиот министер за Европската унија, се сретна во Будимпешта со министрите за надворешни работи на Унгарија, Грција, Србија и Македонија, за да ја разгледаат енергетската сигурност. Голем дел од дневниот ред беше поврзан со проектот „Турски поток“, предложен од „Газпром“, кој ќе пренесува гас до грчко-турската граница и оттаму до Европа. Соработката на четирите европски држави во „Турски поток“ може да значи отргнување од енергетскито унија и насочување кон Москва.
„Турскиот поток“ првпат беше најавен од Милер во декември, непосредно по посетата на Владимир Путин на Турција, кога тој неочекувано објави запирањето на претходниот проект на „Газпром“, познат како „Јужен поток“, оставајќи ги своите европки поддржувачи на цедило. „Јужен поток“ требаше да пренесува гас од Русија преку Црното Море директно до Бугарија.
Но, Европската комисија настојуваше проектот да биде променет, затоа што „Газпром“ сакаше да управува и со гасоводот и со гасот кој ќе тече низ него, што е противречно на европските правила. Напуштајќи го проектот, Русија загуби голем дел од своите надежи и може да се соочи со проблеми во убедувањето на останатите најсериозно да ги сфатат предлозите за новите гасоводи.
И покрај тоа, унгарскот премиер Виктор Орбан, кој е меѓу најголемите симпатизери на Путин во Европа, побрза да даде сигнал дека го поддржува „Турски поток“. Кога Путин ја посети Будимпешта во февруари, Орбан изјави дека секој оној кој мисли дека Европа би можела да има енергетска сигурност без руски горива „самиот се залажува“.
Грчкот премиер од радикалната левица, Алексис Ципрас, е исто толку пријателски настроен. При својата посета на Москва, тој потсети на ветувањето на Путин дека новиот гасовод ќе ја претвори Грција во енергетски центар. Неговата главна грижа беше да обезбеди грчкот дел на цевките да не се нарекуваат „Турски поток“.
– Грција и Унгарија се најсилно проруско настроени држави во Европската унија и Русија се обидува да го искористи сето тоа, вели Петер Креко од Политикал капитал, тинк-тенк оранизација со централа во Будимпешта.
Некои од тие прокремљски увертири се исто така тивки закани како и заканите со кои Милер сака да се размафтува. Патувањето на Ципрас во голема мера беа политичка еквилибристика за да им угоди на неговите бирачи, кои се гневни на ЕУ. При сето тоа, европскиот енергетски сојуз се покажува како послаб отколку што можеше да биде.
Негова движечка личност е Доналд Туск, претседателот на Европскиот совет, кој на својата претходна позиција како премиер на Полска беше решен Варшава да ја направи независна од руските енерегетски испораки. Туск ја даде идејата да се создаде единствен колективен купувач на руски гас во обраќање во април 2014 година. Кога Европскиот совет за првпат ја објави идеја за енергестки сојуз на 19 март оваа година, идејата веќе не беше толку смела.
Документот ги повикува државите да направат регионални групи за меѓусебна трговија со енергија, но учеството нема да биде задолжително. Се повикува за посилен развој на трансграничната енергетска инфраструктура, без всушност точно да се прецизира дали фондовите на ЕУ ќе бидат на располагање за таа цел. Се зборува многу за диверзификацијата на енерегтските извори, но малку од прикаските се конкретни.
Државите чии претставници минатата недела се сретнаа во Будимпешта, на попрецизен начин ги удрија темелите за диверзификацијата на енергетските извори, но во нивниот случај, доста чудно, но изгледа стануваше збор за зголемување на испораките од Русија.
Економската привлечност на зделка со Русија за малите држави силно зависни од нејзиниот гас, се очигледни. За поголемите играчи – Брисел и Москва – прашањата се колку економски, толку и геополитички. ЕУ сака да се ослободи од својата зависност од руски гас, која се парализираше при справувањето со руската агресија во Украинна.
Русија е во подобра позиција – „Газпром“ зависи од украинските гасоводи за да достави гас до своите европски клиенти и нивните скапоцени евра. Милер се надева наскоро да се приклучи на тоа. Тој во Берлин објави дека по истекувањето на сегашниот договор во 2019 година, „Газпорм“ се надева дека ќе запре со достава на гас за Европа преку Украина и наместо тоа ќе го користи „Турскиот поток“. Или барем се надева да ги искористи заканите со „Турски поток“ за се обиде да постигне подобра зделка.