Унгарија го забрани увозот на мед, вино, леб и шеќер од Украина

Од:

Унгарската влада ја продолжи привремената забрана за увоз на украински производи на мед, вино, леб, шеќер и голем број производи од месо и зеленчук, јавува Радио Слободна Европа. Списокот на производи што треба да се забранат е објавен со владин декрет, откако Будимпешта објави мерка за стопирање на увозот на житарки, маслодајни семиња и уште неколку производи.

Во изминатите денови, Полска, Унгарија и Словачка го забранија увозот на жито и други прехранбени производи од Украина разурната од војна, откако падот на цените предизвика протести на локалните фармери. Портпаролот на Европската комисија рече дека ваквите еднострани мерки на членките на ЕУ се неприфатливи.

Откако руската инвазија блокираше некои пристаништа на Црното Море, големи количини украинско жито, кое е поевтино од она што се произведува во Европската унија, заврши во земјите од централна Европа поради логистички проблеми, што влијаеше на цените и продажбата на локалните фармери.

Би можело да ве интересира

Унгарија од Кина зема заем од милијарда евра

ВМРО-ДПМНЕ: Каматната стапка на парите од Унгарија е двојно помала од еврообврзницата што ја зедоа СДСМ и ДУИ

Унгарија наскоро ќе го преземе претседавањето со ЕУ, нивната парола е копија од слоганот на Трамп

Горан Наумовски

Кина е најголем инвеститор во Унгарија

Европскиот суд на правдата ја казни Унгарија, Орбан ја нарече пресудата срамна

A1on

Судир на два брода во Унгарија, две лица загинаа, пет исчезнати