УЛП: Работодавачите да поднесат барање за финансиска поддршка за исплата на плати

Од:

Врз основа на Уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година , за остварување на правото, работодавачот треба да поднесе Барање за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците април и мај 2020 година  за секој месец поединечно, информираат од Управата за јавни приходи.

„Поднесувањето на барањето се врши преку системот е-Даноци, а комплетноста на барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 3 дена од денот на доставувањето на барањето. Начинот на пополнување на Барањето за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците април и мај 2020 година (образец БФП-ИП)  http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/221 е составен дел на барањето, односно е појаснет во Упатството за пополнување“, велат од УЈП.

Би можело да ве интересира

Прекин во работењето на системот е-Даноци

УЈП ја објави листата на должници, намален бројот на компании должници, зголемен кај физичките лица

УЈП: 1.198 даночни обврзници да го платат веднаш ДДВ долгот за октомври

А1он

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница