УЈП вчера затвори 11 објекти во Скопје меѓу кои и познат хотел

Од:

Во вчерашните активности на даночните служби во Скопје затворени се 11 деловни објекти во населбите Автокоманда, Синѓелик и Маџари, меѓу кои и познат хотел во центарот на Скопје.

Регистриран е и еден случај на обид за спречување контрола на фискализација во познат маркет, на патот Синѓелик-Арачиново.

– При контролата, даночниот обврзник се обидел да ја уништи сопствената финансиска документација која била предмет на проверка, а во која даночниците утврдиле прикривање на готовинскиот промет. И покрај тоа контролата е успешно завршена, соопшти УЈП.

Финансиските контроли во Охрид, посочуваат оттаму, потврдија дека стоматолошката дејност е се уште ризична од даночен аспект. Со неправилно финансико работење, буџетот го оштетиле осум субјекти на кои им е изречена глоба и времена мерка забрана за вршење дејност.

– Според податоците и она што е утврдено на терен од почетокот на годината, најголем даночен ризик од 27,16 отсто е забележан кај субјекти кои вршат спортски и забавни дејности (фитнес, аеробик и сл. клубови), 13,95 кај козметички и фризерки студија, 11,54 кај фото студија, 9,59 отсто спортски обложувалници и како помалку ризично (под седум проценти) вршењето стоматолошка и офтамолошка дејност, велат од УЈП.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

УЈП демантира дека го „пломвирала“ Пулс во декември минатата година

ДУИ: Во истрагата за „Пулс“ е неопходно да се покрене прашањето за улогата и одговорноста на УЈП

СДСМ: Елена Петрова ја лаже јавноста, повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци

Петрова: Исплатата на МојДДВ и повратот на ДДВ за компаниите тече континуирано

УЈП: Поголеми ланци на маркети во земјава во четвртокот и петокот имаа помал промет