УЈП: Рокот за пријавување добивка над милион денари до 15 јануари

Од:

Најдоцна до 15 јануари истекува рокот за поднесување пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност од страна на даночните обврзници – правни и физички лица, кои во претходната календарска година, заклучно со месец декември 2016 година, од вршење на оданочива стопанска дејност оствариле вкупен промет повисок од 1.000.000 денари, соопшти УЈП.

Во истиот рок, се додава во соопштението, Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец „ДДВ-01“) можат да достават и даночните обврзници кои сакаат доброволно да се регистрираат за целите на данокот на додадена вредност.

Пријавата „ДДВ-01“ може да се преземе преку веб страницата на УЈП (http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/189) и истата може да се достави: по пошта; лично до Регионалната дирекција на УЈП (според седиштето/живеалиштето на даночниот обврзник); или по електронски пат http://etax.ujp.gov.mk.

Од УЈП потсетуваат дека даночни обврзници за ДДВ можат да бидат сите правни и физички лица, како и здружувања на лица кои вршат оданочива стопанска дејност.

За повеќе информации достапна е најновата брошура за „Регистрација, пријавување и плаќање на данокот на додадена вредност“ (http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/8).

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

УЈП демантира дека го „пломвирала“ Пулс во декември минатата година

ДУИ: Во истрагата за „Пулс“ е неопходно да се покрене прашањето за улогата и одговорноста на УЈП

СДСМ: Елена Петрова ја лаже јавноста, повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци

Петрова: Исплатата на МојДДВ и повратот на ДДВ за компаниите тече континуирано

УЈП: Поголеми ланци на маркети во земјава во четвртокот и петокот имаа помал промет