УЈП: Полиестердеј не наплатил од ВМРО-ДПМНЕ за изборите 22 милиони денари, а Монт од Полиестердеј 17 милиони денари

Од:

ВМРО-ДПМНЕ останала должна 22 милиони денари на компанијата Полиестердеј за рекламен материјал за кампањата за избор на претседател, покажала контролата на Управата за јавни приходи спроведена на фирмата во септември и октомври годинава.

Контролата е спроведена откако Управата во проверка на Полиестердеј за 2017 и 2018 година за данок на добивка констратирала одредени пропусти, со што се преминало кон проверка на 2019 година.

Од УЈП велат дека ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори во 2019 година склучила договор со Полиестердеј за 1,3 милиони парчиња рекламен изборен материјал (маици, капчиња, запалки, пенкала…) во врдност од 34.362.612 денари. Од седумте фактури што ги испратила фирмата, ВМРО-ДПМНЕ платила само 11.509.796 денари и останале должми 22.852.816 денари.

Од УЈП појаснуваат дека овие средства Полиестердеј согласно потпишаниот договор може да ги наплати спогодебено или во постапка преку надлежен суд бидејќи сметката за плаќање за време на изборите според Изборниот законик се затвора во рок од 90 дена по завршување на изборите. Според законот, партијата отвора наменска сметка за изборите.

Согалсно договорот, средствата требало да бидат исплатени во рок од 60 дена по испорака на материјалот, што значи дека исплатата требало да заврши до јули годинава.

За реализација на договорот кон ВМРО-ДПМНЕ, Полиестердеј врши нарачка од шпанска компанија Горфактори и од македонската Монт, која е ќерка фирма на Орка.

Податоците споделени од УЈП покажуваат дека Полиестердеј во целост ја исплаќа нарачката кон шпанската фирма, а останува должна кон Монт во износ од 17 милиони денари, односно платиле само три милиони денари.

УЈП за случајот ги известиле МВР, Државниот завод за ревизија и Антикорупциска комисија каде е предаден и целиот материјал.

Би можело да ве интересира

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Петрова ја презеде директорската функција во УЈП

Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа