(ВИДЕО) УЈП откри скандал: 37 фирми биле амнестирани од плаќање данок

Од:

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, презентира случај на незаконско делување во кој биле вклучени високи функционери од минатата власт. Се работи за изземање на фирми од присилна наплата на долгови, односно 37 фирми биле повластени пред законите кои важеле за сите други.

Во изминативе две години, односно периодот 2015-2016 година, 37 фирми од Скопје и приватни и државни правни субјекти биле отстранувани од постапки за присилна наплата на милионски долгови. Според Лукаревска, станува збор за амнестија за плаќање данок на штета на буџетот на РМ. Лукаревска вели дека никој не смее да биде амнестиран, но и дека не смее да ги открие имињата на фирмите. Таа најави истрага и постапки за дисциплинска одговорност за вработени во УЈП кои биле инволвирани во овие незконски постапки.

Засега само двајца вработени се опфатени со дисциплинска одговорност кои незаконското работење го правеле во информатичкиот систем.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

УЈП демантира дека го „пломвирала“ Пулс во декември минатата година

ДУИ: Во истрагата за „Пулс“ е неопходно да се покрене прашањето за улогата и одговорноста на УЈП

СДСМ: Елена Петрова ја лаже јавноста, повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци

Петрова: Исплатата на МојДДВ и повратот на ДДВ за компаниите тече континуирано

УЈП: Поголеми ланци на маркети во земјава во четвртокот и петокот имаа помал промет