УЈП: Одобрени барања за финансиска поддршка на 7710 фирми, во износ од 659,3 милиони денари

Од:

Управата за јавни приходи информира дека се обработени и одобрени барања за финансиска поддршка на 7.710 фирми во износ од 659.324.245 денари.

– Заклучно со денешното известување, Управата за јавни приходи одобри и обработи вкупно 17.813 барања за финансиска поддршка на фирми за исплата на плата за месец април 2020 година за 110.325 вработени, а вкупниот износ на финансиската поддршка изнесува 1.545.193.018 денари, се наведува во соопштението од УЈП.

Владата на Република Северна Македонија, како што додаваат, минатата недела изврши исплата на финансиските средства на 10.103 фирми, а Управата за јавни приходи продолжува со дообработка на останатите барања на фирми кај кои имаше технички недостатоци во МПИН пресметката.

Би можело да ве интересира

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Петрова ја презеде директорската функција во УЈП

Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа