УЈП од утре ќе прима странки од 8:00 до 14:00 часот

Од:

Управата за јавни приходи (УЈП) од утре го продолжува работното време од 8:00 до 14:00 часот за прием на странки во регионалните дирекции, одделенијата и шалтерите, информираат од УЈП.

– Причина за оваа одлука на Управата за јавни приходи во услови кога во земјата е прогласена вонредна состојба поради коронавирусот Ковид-19, е да им излезе во пресрет на сите оние обврзници кои се најпогодени од последиците од коронавирусот и на кои им е потребно уверение за платени даноци и придонеси, што ќе им послужи пред Развојната банка на Северна Македонија, велат од УЈП

Оттаму апелираат даночните обврзници наместо да доаѓаат лично во Управата за јавни приходи да го поднесат барањето за издавање на уверение на линкот е-Даноци.

Би можело да ве интересира

Прекин во работењето на системот е-Даноци

УЈП ја објави листата на должници, намален бројот на компании должници, зголемен кај физичките лица

УЈП: 1.198 даночни обврзници да го платат веднаш ДДВ долгот за октомври

А1он

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница