Најбогатиот Македонец во 2017 година е скопјанец кој остварил 212 милиони денари, пријавени како бруто приход. Зад него следи друг скопјенец кој остварил приближно 208 милиони денари, а трет на листата се најде жител на Струга со нешто повеќе од 135 милиони, информираат од Управата за јавни приходи.
„Во 2017 се поднесени 445.915 пријави со 192.150.172.035 бруто приходи и 11.618.491.776 денари за персонален данок“, информираше директорката на УЈП, Сања Лукаревска.
Највисоката плата во Макеодонија во 2017 година е 167.687.011 денари, а ја пријавил вработен во секторот здравство. Од УЈП не сакаа да дадат детали дали се работи за лекар од Македонија. Милионски приходи во УЈП се пријавени и по други основи, како што се капитални добивки, дивиденди и од рентање недвижнини.
„Највисоката остварена капитална добивка е 43.973.500 денари и е остварена во Прилеп. Заработка од 202 милиони денари пријавил граѓанин на Скопје по основ на дивиденди. Најмногу приходи по основ на рентање на станбен и деловен простор пријавил жител на Скопје од 52 милиони 119 илјади и 889 денари. Од игри на среќа, казино и обложувалници, најмногу приход пријавил жител на Тетово, кој остварил приход од 9.999.041 денар“, информира Лукаревска.
Во групата најбогати се вбројуваат и пензионерите. Нависока пензија во 2017, пријавил жител на Скопје од 5 милиони 728 илјади денари. Пензијата ја оставрил во странство. Највозрасен граѓанин кој пријавил приход над милион денари во 2017 година има 98 години, а во групата со приход од над 10 милиони највозрасниот граѓанин има 86 години. Најмладиот пак кој пријавил над милион има 15 години , а парите ги заработил по основ на интернет усуги и маркетниг. По ист основ, најмладиот кој заработил 10 милиони има 20 години.
На новинарско прашање колку пари се собрани од прогресивниот данок, во јануари и февруари , од упрвата велат дека информацијата ќе ја кажат наредниот месец, затоа што податоците ги обработувале по тромесечија.
Во однос на постапката што ја води обвинителството за 37 фирми кои со години не ги измириле обврските кон УЈП, Лукаревска вели дека таа лично не била повикана во ОЈО, но додаде дека постапката е во тек и во обвинителство биле повикани нејзини колеги кои се надлежни за случајот.
Габриела Димковиќ-Мишевска