УЈП најави строга контрола на деловните објекти за фискализација

Од:

Управата за јавни приходи информира дека почнала со најголемата контрола во делот на фискализацијата досега. Најавува дека без исклучоци, во сите градови и општини, и најмала „пиљара“ ќе биде контролирана од даночниците.

На терен работат и мобилните екипи на УЈП од 150 даночни инспектори кои од почетокот на септември затворија 21 деловен објект во Велес, 41 во Струмица, 23 во Гевгелија, 29 во Куманово, 69 во Скопје, 19 во Тетово  и во Прилеп 20.

– Без разлика на дејноста, неселективно ќе се контролираат деловните објекти – дали издаваат фискални сметки, дали го прикриваат и прикажуваат реалниот готовински промет, водењето на финансиката документација…, наведуваат во соопштението од Управата за јавни приходи.

Управата за јавни приходи посочува дека и покрај обидите за притисоци и квалификации со цел локални препукувања и припишување на политичка, регионална и каква било конотација на работата на даночните служби, ќе продолжи со поддршка на легалните бизниси и сузбивање на сивата економија и неплаќањето на даноците.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

УЈП демантира дека го „пломвирала“ Пулс во декември минатата година

ДУИ: Во истрагата за „Пулс“ е неопходно да се покрене прашањето за улогата и одговорноста на УЈП

СДСМ: Елена Петрова ја лаже јавноста, повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци

Петрова: Исплатата на МојДДВ и повратот на ДДВ за компаниите тече континуирано

УЈП: Поголеми ланци на маркети во земјава во четвртокот и петокот имаа помал промет