УЈП летово со засилени контроли за фискализација

Од:

Мобилните екипи на УЈП во летниот период ќе вршат засилени контроли за фискализација. Како што информираат посебно во периодот на времетраењето на светското фудбалско првенство и летните манифестации кои ќе се одржуваат низ општините и туристичките центри во Македонија каде се очекува зголемена посетеност на угостителските објекти, но и ризик од нерегистрирање на готовинскиот промет.

УЈП со цел превентивно да делува  субјектите редовно да издаваат фискални сметки на потрошувачите, од вчера почнаа со засилени контроли во гевгелискиот регион, каде поради откриени неправилности во финансиското работење запечатени се осум објекти. Затворени се и два објекта во Кавадарци и еден во Неготино во период од 15 дена, а на фирмите и одговорните лица изречена им е глоба во износ од 3.250 евра во денарска противвредност.

Апелираат обврзниците да го регистрираат прометот и да издаваат фискални сметки, со цел објектите да не им бидат затворени од УЈП, а со тоа и да не можат да вршат дејност посебно во овој период кога се очекува зголемување на прометот.

Би можело да ве интересира

Прекин во работењето на системот е-Даноци

УЈП ја објави листата на должници, намален бројот на компании должници, зголемен кај физичките лица

УЈП: 1.198 даночни обврзници да го платат веднаш ДДВ долгот за октомври

А1он

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница