УЈП го достави второто известување за одобрени барања за финансиска поддршка за 4.962 фирми за април

Од:

Управата за јавни приходи (УЈП) го достави и второто известување до Генералниот секретаријат на Владата за одобрени и прифатени барања за финансиска поддршка. Во ова известување, како што инфомрираат од УЈП, опфатени се 4.962 фирми кои ги исполниле условите за финансиска поддршка за исплата на плата за април 2020 година, а износот на одобрената финансиска поддршка изнесува 377.921.509 денари.

-Согласно второто известување, вкупниот износ на одобрени финасиски средства за исплата на плати за април 2020 изнесува 885.868.773 денари за вкупно 10.103 фирми, соопшти УЈП.

Од Управата посочуваат дека се обработуваат и останатите поднесени барања за финансиска поддршка, за кои, како што велат, УЈП ќе го извести Генералниот секретаријат на Владата по нивната финална обработка.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

УЈП демантира дека го „пломвирала“ Пулс во декември минатата година

ДУИ: Во истрагата за „Пулс“ е неопходно да се покрене прашањето за улогата и одговорноста на УЈП

СДСМ: Елена Петрова ја лаже јавноста, повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци

Петрова: Исплатата на МојДДВ и повратот на ДДВ за компаниите тече континуирано

УЈП: Поголеми ланци на маркети во земјава во четвртокот и петокот имаа помал промет