УЈП: Да се издаваат фискални сметки

Од:

Субјектите кои вршат промет на добра и услуги за кои плаќањето се врши во готово, задолжително да издаваат фискални сметки на потрошувачите согласно Законот за регистрирање на готовинскиот промет, соопшти Управата за јавни приходи (УЈП).

Според првичните анализи на податоците од он-лајн системот за следење на готовинскиот промет, голем број фирми, особено во угостителството, не го регистрираат прометот во целост, а на адреса на УЈП постојано пристигнуваат и пријави за издавање сметки кои не се фискални.

– Укажуваме дека употребата на опрема од неовластени производители кои ги немаат функционалностите и карактеристиките на фискален систем на опрема (фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување – ГПРС), е спротивно и казниво со Закон, подвлекува УЈП.

Управата најавува засилен мониторинг на готовинскиот промет и присуство на терен во делот на фискализацијата поради што апелира даночните обврзници да ги исполнуваат законските обврски со цел избегнување казни.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

УЈП демантира дека го „пломвирала“ Пулс во декември минатата година

ДУИ: Во истрагата за „Пулс“ е неопходно да се покрене прашањето за улогата и одговорноста на УЈП

СДСМ: Елена Петрова ја лаже јавноста, повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци

Петрова: Исплатата на МојДДВ и повратот на ДДВ за компаниите тече континуирано

УЈП: Поголеми ланци на маркети во земјава во четвртокот и петокот имаа помал промет