Угостителите доставиле барање до Владата за присуство на состанокот со стопанските комори

Од:

Прифативме работна средба со заменикот на претседателот на Владата, а не со замениците на заменикот, повторно реагира денеска Независната угостителска комора (НУК) откако од Кабинетот на вицепремиерот Фатмир Битиќи им било соопштено дека тој не може да присуства на состанокот закажан за попладнево во 14:30 часот.

Состанокот од Владата не го откажале, туку предложиле наместо Битиќи, да присуствува претставник од неговиот Кабинет.

НУК вчера јавно соопшти ваква средба не прифаќа и дека бара да присуствува на состанокот со стопанските комори во Владата што треба да се одржи утрово во 10:00 часот.

Угостителите доставиле и официјално барање до премиерот Зоран Заев за присуство и за, како што наведува НУК, рамноправно учество во официјалното тело кое, согласно потребите, предлага, креира и крои нов пакет мерки за помош и поддршка на економијата.

-На ден пред официјално закажаната средба со вицепремиерот Битиќи, членовите на управните органи на Независната угостителска комора имаа координативен состанок и заедничка прес-конференција со македонските здруженијата КЛУБ ЕСНАФ од Битола, ПРИЛЕПСКИ МЕАНЏИИ од Прилеп, ТИКВЕШКИ УГОСТИТЕЛИ од Кавадарци, АНТИГОНЕА од Неготино и ОХРИДСКИ ЕСНАФ од Охрид, ЗДРУЖЕНИЕ НА ЕСТРАДНИ УМЕТНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА од Скопје и здружението МУЗИКА СЕГА од Скопје со цел усогласување на барањата и очекувањата на Владата и формирање тим од официјални претставници кои треба да учествуваат на оваа средба. Со оглед дека во текот на денот, четврток 28 јануари, добивме телефонска информација дека Битиќи поради неодложни приватни обврски нема да присуствува на закажаната средба, донесовме одлука дека средбата по препорака на претседателот на Влада можеме да ја направиме исклучиво со главниот и одговорниот носител и креатор на петтиот сет мерки – вицепремиерот Битиќи или со самиот претседател на Владата, наведува НУК во реакцијата.

Според НУК, средбата со Битиќи се барало да биде јавна, па дури и во живо да се емитува на некоја од телевизиите или преку социјалните мрежи за транспарентно да можат угостителите и угостителските работници да се запознаат со можностите и плановите на Владата за петтиот сет мерки наменети за угостителската индустрија.

-Со оглед дека од страна на Кабинетот на заменик-претседателот на Владата сме известени дека на договорената средба поради неодложни приватни обврски вицепремиерот Битиќи нема да може да присуствува на средбата, доставивме барање наместо во 14:30, да бидеме поканети за учество на работна средба со претставници на четирите комори и Владата во предлагањето и креирањето на петтиот сет економски мерки која ќе се одржи денеска во 10:00 часот. Во однос на доставените барањата и очекувањата од страна на Независната угостителска комора заедно со македонските здруженија за туризам и угостителство за петтиот сет економски мерки за помош и поддршка на економијата ја поздравуваме одлуката на Владата за продолжување на субвенцијата за плати за вработените во угостителската индустрија со очекување дека во конечната одлука оваа мерка ќе биде безусловна за угостителските работници во висина на бруто плата со што Владата прави огромен придонос во зачувувањето на секое работно место во угостителската индустрија, стои во реакцијата на НУК.

Комората вели и дека останува очекувањето за реализација на работна средба со премиерот Заев за утврдување на загубата на угостителите со последната рестриктивна мерка со која се ограничува работното време исклучиво и само на угостителите, како и за изнаоѓање начини и можности со кои Владата ќе може да ја ублажи и надомести преку дополнителни ослободувања или со новиот петти сет мерки.

Би можело да ве интересира

Угостителите од НУК се жалат дека градоначалничката Арсовска ги игнорира

НУК иницира воведување критпо средства во угостителската индустрија

Битиќи: Ако е потребно ќе донесеме нови мерки за поддршка на угостителите и граѓаните

Ана Ололовска

Во Кичево преполовен прометот на угостителите, дел од вработените на привремен одмор

А1он

Стопанската комора бара поддршка за туристичко-угостителскиот сектор и средба со Битиќи, Бектеши и Филипче

Ана Ололовска

За 30 отсто намален прометот на угостителите, бараат измени на најновите КОВИД мерки

Ана Ололовска