Училиштата добија продолжен рок до 20 декември да се пријават за субвенционирана струја

Од:

Од вкупно регистрирани 474 јавни основни и средни училишта во државата, за снабдување со субвенционирана електрична енергија преку ЕСМ Продажба се пријавиле 309 училишта и истите веќе се снабдуваат од 1 декември, соопштија од државната ЕСМ.

Од вкупно 70 регистрирани водостопански и комунални претпријатија кои работат со пумпни или пречистителни станици, се пријавиле и се снабдувани 51 претпријатие.

Субјектите од овие две категории кои не поднеле документи или поднеле некомплетни документи, можат да се пријават со комплетна документација до 20 декември и да бидат снабдувани преку ЕСМ Продажба од 1 јануари 2023 година.

Во следните денови ќе бидат објавени и субјектите од прехранбената индустрија со шифри на дејноста опфатени во одлуката од Владата, кои веќе се снабдуваат преку ЕСМ Продажба.

Би можело да ве интересира

Втор пат за еден ден, дел од Тетово е без струја

Левица: Владата кажа дека нема да го помага ЕСМ – цехот ќе го плаќаат граѓаните со поскапо парно

ЕСМ бара нова, повисока цена за парното

Горан Наумовски

Случајот „Адитив“ не е единствениот криминал во АД ЕСМ, вели Мицкоски

Раскинат е договорот со изведувачот на проектот за 400 киловолтна интерконекција со Албанија

ЕСМ: Денеска се исклучени „Битола 1“ и „Битола 2“