Од денеска почнува реализацијата на твининг проект „Помош на ИПАРД Агенцијата за подготовка на акредитација за мерката – Инвестиции во руралната инфраструктура“.
Проектот е финансиран од Инструментот за претпристапната помош (ИПА) на Европската унија. Ќе го спроведува Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, во партнерство со Агенција за земјоделски пазари и рурален развој на Словенија.
На отворањето на проектот е најавено учество на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.