Тутунарите на средба со Заев, ќе ги повторат барањата за реална проценка

Од:

Претставници од Иницијативниот одбор на тутунарите и од Сојузот на тутунските здруженија денеска во 14.00 часот треба да имаат средба со премиерот Зоран Заев.

Претседателот на Сојузот вели дека Менде Стомнароски, производителите ќе ги повторат своите барања – реална проценка на тутунот и максимум пет отсто одбитоци.

Според Стомнароски, на средбата во Владата нема да присуствуваат откупувачите.

-Откупот на тутунот тече, проценката е пофлексибилна, но некои компании уште играат „топло-ладно“. Зголемена е малку и просечната цена која моментно изнесува околу 168 денари за килограм, цели Стомнарсоки.

Досега се откупени 2,5 милиони килограми или десет отсто од вкупната реколта, за разлика од лани кога ова време беа преземени 40 проценти или 13 – 15 милиони килограми.

Би можело да ве интересира

Бектеши: За уште 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите

Николовски: Тутунарите утре добиваат анекси на договорите, со зголемена цена од 365 денари на целокупната предадена количина тутун

Земјоделски инспекторат: Тутунарите да не прифаќаат усни најави, откупувачите да испратат писмени анекси за зголемени откупни цени на тутунот

За тутунарите дополнителни 20 – 30 денари субвенција, а од 2024 година и „зелена нафта“, како и 6.000 денари поддршка за хектар површина

Станкоски: Откупните фирми може да ги зголемат цените со анекс, а не да ги условуваат тутунарите

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески