Тутунарите на средба со надлежните, бараат зголемување на субвенциите до 100 денари

Од:

Линеарно зголемување на субвенциите до 100 денари за килограм, бараат тутунарите кои денеска протестираа пред Владата. Тие во моментов се на средба со надлежните.

Како што изјавија на протестот, досегашните средби со министерот, премиерот и откупувачите не дале резултат, а на терен не се почитува договореното. Револтирани и незадоволни се, како што напоменаа, од ниската откупна цена и лошата проценка на родот.

-Ако продолжи ова што сега се случува, веројатно по Велигден ќе има армија од 120.000 – 130.000 сиромашни тутунари зашто нивните семејства бројат отприлика толку членови. Луѓе кои буквално ќе немаат скршен денар за егзистенција. Ќе мора да купиме уште по едно торбичае и да тргнеме по селата да питачиме, изјави Васко Јосифовски од Иницијативниот одбор на тутунари.

Според производителот Џево Асали, дополнителен проблем прави узвозот на тутунот.

-Не е точно дека се работи само за 1.800 килограми увезен тутун. Вишок тутун нема, надворешен тутун има. Зошто го увезуваат однадвор? Нека ни го дадат ние да го садиме, а не да внесуваат кој колку сака, истакна Асали и апелираше Министрството за земјоделство да го повлече новиот закон.

Игор Мирчески од Иницијативниот одбор вели дека процената на тутунот и натаму е лоша, а има и големи одбитоци, до 10 проценти. Слаба е и динамиката на преземање на родот.

-Затоа се одлучивме за протест пред Владата, за конечно да каже премиерот дали има решение за нашите проблеми или нема, изјави Мирчески.

На тутунарите пред Владата им се придружија и лозари од тиквешкиот регион.

-Бидете сложни, не отстапувајте. Ве поддржуваме во напорите и без разлика каде ќе блокирате, ние ќе блокираме со вас. Ние сме најсиромашниот народ, тутунарите и лозарите, рече лозарот, Златан Стојчев.

Тутунарите најавија нови протести ако не се изнајде решение за ниската откупна цена на тутунот.

Пред новогодишните празници тие имаа средба со премиерот Зоран Заев на која присуствуваше и министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа. Тогаш откупната цена беше 167 денари за килограм, а како што истакна министерот, не е исклучено до крајот на откупот да се достигнат и ланските 220 денари.

Годинава квалитетот на реколтата е послаб, но, според тутунарите, не е и толку лош за исклучително ниските цени и нереалната проценка што ја прават откупувачите.

Би можело да ве интересира

Откупот на тутунот почна воздржано и со барање повисоки цени

Бектеши: За уште 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите

Талески: Ново зголемување на откупата цена на тутунот за 35 денари, досега имаме просечна цена од 365 денари

Николовски: Тутунарите утре добиваат анекси на договорите, со зголемена цена од 365 денари на целокупната предадена количина тутун

Земјоделски инспекторат: Тутунарите да не прифаќаат усни најави, откупувачите да испратат писмени анекси за зголемени откупни цени на тутунот

За тутунарите дополнителни 20 – 30 денари субвенција, а од 2024 година и „зелена нафта“, како и 6.000 денари поддршка за хектар површина