„Турски поток“ стаса до Турција

Од:

„Газпром“ ја заврши изградбата на морскиот дел од „Турски поток“ на територијата на Русија, откако првиот крак од гасоводот влезе во турската економска зона, соопшти компанијата „Јужен поток“, која се занимава со изградба на гасоводот.

„Пајониринг спирит“, најголемиот брод во светот за поставување цевки, го одбележа овој настан поставувајќи во морето цевки со руски и турски знамиња, кои го симболизираат преминувањето на границата на ексклузивната економска зона меѓу двете држави, се наведува во соопштението од фирмата.

„Газпром“ веќе изгради 448 километри од „Турски поток“, а како што наведува „Јужен поток“, изградбата се одвива според планот и за помалку од половина година изграден е речиси четвртина од морскиот дел.

Изградбата на гасоводот „Турски поток“, „Газпром“ ја почна во мај. Изградбата на првиот крак, со капацитет од 15,75 милијарди кубни метри, за потребите на Турција, треба да биде завршена до март следната година.

Вториот крак, со ист капацитет, со кој гасот ќе оди преку јужна и југоисточна Европа треба да биде завршен во 2019 година.

Би можело да ве интересира

Турција се приклучи на „коалицијата на спремните“, подготвена е да го надгледува мирот

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки

Ердоган: Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија