Турканици, незадоволство и револт, пари нема за сите прилепски тутунари. Пред банките редици, а ги пуштаат, се пожалија, само нивните луѓе. Од утрово ги минале банките, а во Струмица табак, велат, нема пари.
Се пожалија и на ниската откупна цена, а парите велат ќе им отидат за извршители. Вкупно се откупени 18 илјади тони тутун, а субвенции има за 10 илјади тони.Еве што регистрираше камерата на А1 пред една од банките во Прилеп.