Туристички работници ќе го блокираат Скопје: Институциите се неми за нашите барања

Од:

Со мирен протестен марш низ центарот на Скопје, кој ќе се одржи во среда од 16:00 часот, туристичките работници ќе го изразат својот револт од институциите, кои, како што велат, не им излегуваат во пресрет на барањата во време на најголемата криза за нивниот сектор.

„Сведоци сте на нашата борба во изминатите пет месеци за опстојување на нашиот сектор, поради кризата со КОВИД-19,
како и барањата кои во повеќе наврати ги упативме кон сите надлежни институции, Министерство за економија, Министерство за финансии, со цел помош на туристичките агенции, водичи, пратители и превозници, но досега останаа неми за нашите апели и ниту еднаш не добивме никаква надеж дека воопшто ќе бидат истите разгледани,“ се вели во соопштение до медиумите, потпишано како „Сектор туризам на Р. С. Македонија“.

„На овој мирен протест се пријавени повеќе од 700 учесници кои ќе се движат по одредена рута и автобуси кои ќе ги следат. Почетокот на протестот ќе биде симболично пред Дрво Декор, местото од каде некогаш започнуваа реализациите на нашите тури, а ќе продолжи кон Кочо Рацин, 11-ти октомври, Димитрие Чуповски, Васил Главинов, булевар ВМРО, булевар Илинден, до Владата на Р.С. Македонија.

Секако, планирано е повторно обраќање на дел од учесниците, со цел повторно да се напомене дека цели пет месеци сме без никакви примања, без никаква можност за одржување на функционалноста на нашите сектори и дека доколку државата не ни даде помош, ќе бидеме приморани веќе во наредните денови да ставиме катанци на нашите врати,“ се вели во соопштението.

„Овој протест нема никаква политичка позадина и строго се оградуваме од било каква поврзаност. Бидејќи истиот се одржува во време на пандемија, уверуваме дека ќе се придржуваме до мерките за заштита како носење на маски и дистанцирање. Само заеднички ќе успееме да се избориме за опстанок на повеќе од 5000 вработени и повеќе од 300 агенции во целата држава,“ се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Инцидент на блокадата во Нови Сад: Беа кренати знамињата на ЕУ, па започна турканица

Горан Наумовски

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Нов протест поради трагедијата во Нови Сад, се бараат оставки: „Народот е гладен за правда“

Горан Наумовски

Протест на опозицијата во Белград

(ВИДЕО) Протест во Нови Сад, градот е полн со полиција