Турција нема да купува нафта од ирачки Курдистан

Од:

Турција најави дека ќе склучува договори за трговија со нафта само со официјалната Влада на Ирак, а не и со властите на ирачкиот регион Курдистан, каде во понеделникот се одржа референдум за независност.

Со овој чекор, што го најави турскиот премиер Бинали Јилдирим, се врши дополнителен притисок врз курдскиот регион да се спречи неговото осамостојување. Јилдирим разговараше по телефон со ирачкиот премиер Хајдер ал Абади да ги усогласат своите ставови во врска со курдскиот референдум.

Во ирачки Курдистан се наоѓаат некои од најголемите нафтени полиња во Ирак, но распределбата на приходите од продажбата на нафтата е прашање на централните власти во Багдад, кои не сакаат да се откажат од овој извор на приходи. Владата на Ал Абади се закани дека од утре ќе воведе и забрана за летови до и од двата меѓународни аеродрома во Курдистан – во Ербил и Сулејманија.

Би можело да ве интересира

Турција се приклучи на „коалицијата на спремните“, подготвена е да го надгледува мирот

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки

Ердоган: Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија