Трошоците на живот бележат пораст во октомври

Од:

Трошоците на живот мерени преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка во октомври годинава во однос на претходниот месец бележат пораст од 0,2 проценти, а во однос на октомври лани 5,3 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во октомври 2012, во однос на септември 2012, пораст на индексите е забележан кај облеката и обувките за 2,6 отсто, мебел, покуќнина и одржување покуќнина за 0,7 отсто, храна и безалкохолни пијалоци за 0,6 отсто, здравје и останати стоки и услуги за 0,4 отсто и комуникации за 0,1 отсто.

Намалување на индексот на трошоците на животот е забележан кај  транспортот за 2,1 отсто, домување, вода, електрика, гас и други горива и рекреација и култура за 0,6 отсто.

Нема промена во однос на претходниот месец кај алкохолните пијалоци, тутунот, образованието и рестораните и хотелите.

Би можело да ве интересира

Просечната нето плата во октомври била 42.134 денари

Вработените од „Улици и патишта“ најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата

Протестираат вработени од „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15

Стапката на невработеност 12.3 отсто

Во декември ќе се разговара за зголемувањето на минималната плата

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство