ССМ: Трошоците на четиричлено семејство во август зголемени за 214 денари, со ученик во семејството за 8.000 денари

Од:

Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во август се зголемени за 214 денари во однос на јули, покажуваат податоците од најновата синдикална кошница што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.

Според овие податоци, во август на едно четиричлено семејство за да ги покрие основните потреби му требале 34.342 денари, а доколку во семејството има барем еден ученик, тогаш трошоците се зголемуваат најмалку за осум илјади денари или во тој случај синдикалната кошница би изнесувала 42.342 денари.

Најмногу пари се одвојуваат за храна и пијалоци – 14.633 денари, а за домување 10.818 денари. За лична хигиена потребни биле 2.382 денари, а за превоз минимум 2.529 денари. За културни активности минимум биле потребни 1068 денари, а за здравје 736 денари.

– Анализите на ССМ покажува дека трошоците за живот континуирано се зголемуваат, а платите стагнираат. Трошоците на живот се исто така динамични. Според податоците што ги објавува Државниот завод за статистика, најмногу пораст е забележан ка храна и пијалоци со 1,5 проценти и тоа кај зеленчукот 15,8 проценти, сирењето и урдата 1,1 проценти, месото 0,9 проценти, лебот и житата 0,7 проценти и млекото исто така за 0,6 проценти итн. Посебен товар за граѓаните односно на едно четиричлено семејно домаќинство овој месец е и почетокот на учебната година за кој според податоците кои се официјално достапни и изнесени во јавност, родителите треба да одвојат најмалку по околу 8.000,00 денари по дете кое посетува настава во основно или средно училиште, велат од ССМ.

Оттаму сметаат дека е оправдано нивното барање минималната плата да биде најмалку во висина од 60 проценти од просечната плата бидејќи две минимални плати не се доволни за да ја покријат синдикалната минимална кошница.

– Ако со ваков интензитет продолжи зголемувањето на трошоците на живот и цени тогаш ниту три минимални плати не би биле доволни да го достигнат растот на Синдикалната минимална кошница. Ако само просечната плата расте, а минималната плата стагнира односно минимално се усогласува без да бидат прифатени забелешките на синдикатите, ќе имаме тренд на осиромашување на граѓаните, предупредуваат од ССМ.

Би можело да ве интересира

Трендафилов: Владата во овој момент не е против зголемувањето на минималната плата

Горан Наумовски

Доколку не се зголеми минималната плата, ССМ најавува генерален штрајк

Горан Наумовски

Трендафилов: Да донесеме одлука пратениците да бидат на минимална плата до наредното зголемување

Горан Наумовски

Дали ви личи дека ми е гајле што мислите за мене, лидерот на ССМ со порака до власта

Катерина Ѓуровски

ССМ: На 2 април на улица ќе кажеме дека платите на работниците мора да се зголемат

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: Кашиковски од ССМ со плата од над 50.000 денари, Трендафилов и луѓето околу него со енормни примања