Тројца студенти од Техничкиот факултет Битола ќе добијат стипендии од АД ЕЛЕМ

Од:

Нови тројца студенти од Техничкиот факултет Битола потпишаа договори за стипендирање со АД ЕЛЕМ во Подружницата РЕК Битола. Студентите, како што информираат од РЕК Битола, првпат се стекнуваат со правото на стипендирање од страна на Државните електрани на Македонија, а се избрани на конкурсот што Техничкиот факултет во соработка со АД ЕЛЕМ го објави во јуни годинава.

За да добијат финансиска поддршка од компанијата, студентите мораа да исполнат неколку критериуми меѓу кои и првпат да бидат запишани на прв циклус студии во прва година во академската 2017/2018 година и првиот семестар да го завршиле со просечна оценка не помала од 8,0 (осум).

– Со новите тројца стипендисти, бројот на студенти од Техничкиот факултет Битола кои добиваат финансиска поддршка од АД ЕЛЕМ достигна 15. За секого од нив, компанијата издвојува по 6.000 денари месечно, десет месеци во годината, со желба да им го олесне патот до стекнувањето знаења кои подоцна би ги примениле на работни места во РЕК Битола или некоја од подружниците на Државните електрани на Македонија, велат од РЕК Битола.

АД ЕЛЕМ секоја година предвидува 25 стипендии за новозапишани студенти во прва година на пет државни факултети во Македонија. Заедно со новите три договори за стипендии, во моментов, има вкупно 48 стипендирани новозапишани и студенти во втора, трета и четврта година.

Би можело да ве интересира

Деканите од СИТИ Колеџ: Кај нас студентите прераснуваат во висококвалификувани професионалци

A1on

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Во Ниш студентите пет часа блокираа пет мостови, тие бараат правда

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Независниот студентски сојуз го откажа утрешниот собир: Партиите да стојат на страна