Тркалезна маса за состојбите во месната индустрија

Од:

„Состојби, предизвици и перспективи на индустријата за производство на месо и месни производи – Предлози“ е тема на тркалезната маса што денеска во организација на Капитал магазинот ќе се одржи во Скопје.

Целта на тркалезната маса е да се анализираат актуелните состојби и предизвиците во месната индустрија во Македонија, од аспект на секторот за преработка на месо и производи од месо, да се нотираат можностите за раст на производството и извозот на оваа перспективна индустрија во Македонија и што треба да се смени за македонските современи фабрики за преработка на месо уште поуспешно да работат во иднина.

На тркалезната маса ќе учествуваат претставници од речиси сите производствени капацитети за производство и преработка на месо и производи од месо и лица кои работат на унапредувањето на бизнис климата за оваа индустрија да биде една од најперспективните во Македонија.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

АХВ донесе забрана за увоз и употреба на желудник од живина во производството на подготовки од месо

Горан Наумовски

Царинска управа: Спречен шверц на два тона месо штетно за здравјето на граѓаните

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто