Трипуновски: Земјоделците од Јегуновце се соочуваат со многу проблеми, ВМРО-ДПМНЕ има сериозни мерки за подобро производство

Од:

Денеска сум на територијата на општина Јегуновце, во мојата денешна агенда посетив еден производствен капацитет за производство на малина исто така имав и средба со земјоделците од село Јанчиште, од територјата на општина Јегуновце, продолжуваме на средба со ловците од оваа општина, изјава на технички заменик министер Цветан Трипуновски.

– Она што сакам да го пренесам како заклучок од денешниве средби е дека ни тука не е поразлична ситуацијата како од останатиот дел од Република Македонија, односно земјоделците се соочуваат со низа на проблеми изминативе години кои што требало да ги реши, односно да им помогне, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Владата на Република Македонија. Проблемите со распределбата на земјоделското земјиште, проблемите со пласманот на земјоделските производи, проблеми при откупот и плаќањето на млекото, односно сточарството во овој дел на Република Македонија, и најгорливиот проблем е задоцнетата исплата на субвенциите кои што ги чекаат и заслужуваат македонските земјоделци.

Овие теренски посети ги користам за да разговарам директно со сите чинители во земјоделскиот процес на оваа територија и во другите градови кои што во наредниот период ќе ги посетам бидејќи сакам да им дадам едно ветување ВМРО-ДПМНЕ во изборната програма има сериозни планови и мерки кои што ќе значат подобро земјоделско производство по формирањето на новата Влада после 8 мај 2024 година – кажа Трипуновски.

Би можело да ве интересира

Владата нуди помош за решавање на проблемот со водата за пиење во Струмица

Трипуновски: Лошите политики на претходниот министер земјава ја направија увозно зависна од храна

Трипуновски: Работиме преспанското јаболко да остане бренд и да имаме што повеќе задоволни земјоделци

Николовски демантира: Празни обвинувања и театар од Трипуновски

Трипуновски: Започнуваме со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство

Горан Наумовски

Трипуновски: Пумпната станица „Таор“ во катастрофална состојба, приоритет е модернизација на земјоделството и водостопанството