Трипуновски: Со мелничарите и откупувачите на јачмен и пченица разговаравме за изнаоѓање на решение за откупната цена

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска одржа работна средба со млинарите и откупувачите на јачмен и пченица.

На средбата се разговараше за откупната цена на јачменот и пченицата, но и во која насока ќе се движи откупот на житните култури.

– На самиот почеток на откупот на јачменот и пченицата остварив состанок со производителите и со откупувачите на јачмен и пченица се со цел изнаоѓање на прифатливо решение за откупната цена која што ќе биде во корист и на производителите, но и на откупувачите. – изјави Трипуновски.

Министерот Трипуновски информираше дека веќе во понеделник е закажана уште една средба каде што дополнително ќе се разгледаат можностите за изнаоѓање на идеално решение за за годинешниот откуп на јачмен и пченица.

– Потребно е овие средби да се одржат многу порано, но за жал тие не се оствариле, затоа од следната година сите проекции и решенија ќе се дискутираат многу порано и ќе имаме јасно утврдени откупни цени пред почетокот на откупот, а не работите да се решаваат во последен момент.
Мојот фокус останува на македонските земјоделци и грижата за нив, за тие да го добијат тоа што го заслужуваат! – заврши Трипуновски.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Продажбата на македонското вино надвор од границите на државата е зголемена

Владата нуди помош за решавање на проблемот со водата за пиење во Струмица

Трипуновски: Лошите политики на претходниот министер земјава ја направија увозно зависна од храна

Трипуновски: Работиме преспанското јаболко да остане бренд и да имаме што повеќе задоволни земјоделци

Николовски демантира: Празни обвинувања и театар од Трипуновски

Трипуновски: Започнуваме со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство

Горан Наумовски