Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во работна посета на општина Чешиново-Облешево каде што оствари средби со земјоделците од овој регион исто така го посети и системот за наводнување на земјоделските површини.
Изминатиов период откако Љупчо Николовски најави дека ќе има вода за сите во кочанскиот регион добив многу пораки од земјоделците кои ме известија дека во реалноста ситуацијата и не е така розова. Состојба со системите за наводнување е катастрофалната, каналите се руинирани, стари, неисчистени и нефункционални. Повторно и оваа година водата ќе биде проблем за оризопроизводителите, а со тоа се доведува под знак прашалник и новата производна сезона. – изјави Трипуновски.
Дена неподготвени влегуваме со сезоната за наводнување говори и фактот дека за чистење на доводните канали за наводнување е потрошено само 30 работни часови со една машина. Со ова ќе имаме лош старт на наводнителна сезона со што ќе се пролонгираат роковите за засејување на оризовата култура и наводнувањето преку цела наводнителна сезона ќе се одвива со потешкотии.
Потребно е многу работа во секторот земјоделство министре Николовски, особено во делот на водостопанството, вие овие 7 години ги преспавте и ништо не сработивте. Единствено добро е тоа што наскоро вие ќе си заминете, а на ваше место ќе дојдат луѓе кои посветено и искрено ќе работат за доброто на македонските земјоделци, тие ќе имаат вистински партнер во новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ! – заврши Трипуновски.