Трипуновски: Пумпната станица „Таор“ во катастрофална состојба, приоритет е модернизација на земјоделството и водостопанството

Од:

Во катастрофална состојба е пумпната станица „Таор“ која ги покрива општините Петровец, Илинден и Гази Баба и зафаќа води од околу 6 600 хектари преку 150 километри отворена каналска мрежа, оцени денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Според Трипуновски кој ја посети локацијата на пумпната станица заедно со директорот на АД „Водостопанство“ Филип Филиповски, изминативе години не се инвестирало во нејзино модернизирање и одржување поради што има сериозен ризик од загрозување на тој дел од скопската котлина.

-Ние веќе во наредната година во програма ќе предвидиме средства за модернизација на оваа станица, да се намали ризикот од евентуални штети кои би значеле излевање на водата од оваа каналска мрежа, изјави Трипуновски.

Тој додаде дека изминатиов период Владата одвои 100 милиони денари на АД „Водостопанство“ за покривање на платите на вработените кои веќе четири месеци немаа зедено плата. Две плати, рече, се исплатени, а во наредните денови и другите две плати ќе бидат исплатени на вработените од АД „Водостопанство“.

Би можело да ве интересира

Владата нуди помош за решавање на проблемот со водата за пиење во Струмица

Трипуновски: Лошите политики на претходниот министер земјава ја направија увозно зависна од храна

Трипуновски: Работиме преспанското јаболко да остане бренд и да имаме што повеќе задоволни земјоделци

Николовски демантира: Празни обвинувања и театар од Трипуновски

Трипуновски: Започнуваме со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство

Горан Наумовски

Трипуновски: Мора да работиме визионерски, Македонија треба да го задржи епитетот винска држава