Трипуновски од Јегуновце: Поплавени се околу 1000 хектари земјоделска површина, владата да ги обештети земјоделците

Од:

Станува збор за некаде околу 1000 хектари земјоделски површина која што е поплавена и практично има голема штета. Тоа мораме да го потенцираме дека е како резултат на неажурноста на власта. Тоа е реалната состојба. Еве како прво подружницата на АД Водостопанство Тетово нема директор. Коритото на реката Вардар последните 6, 7 години не е припнато да се регулира да се исчисти и да се тргне вегетацијата за да може протокот да биде нормален. И нормално одводните канали на територија на Јегуновце кое што е надлежност на АД Водостопанство не се исчистени. И таа ситуација доведува до една ваква состојба, односно поплавување на домовите и земјоделските површини, рече денеска Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство кој правеше увид на теренот со градоначалникот на Јегуновце.

Она што и градоначалникот ме информира е дека од страна на локалната самоуправа се формирани комисии кои што ќе излезат уште денеска на терен и ќе прават проценки на штета, меѓутоа тоа е она кое што е обврска на општината.

Она што сакам да го упатам како апел е да власта врз однос на тие штети да ги обештети земјоделците од Јегуновце, затоа што сепак треба нивната егзистенција да продолжи и понатаму и нормално да се засукаат ракавите и регулација на овие корита на реката Вардар и одводните канали да се исчистат час поскоро за во иднина да не се најдеме во уште една ваква несакана ситуација, рече Трипуновски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николоски од Гевгелија: Во исто време се градат 10 спортски игралишта, така ќе продолжиме да работиме веднаш по формирање на новата влада

А1он

Мицкоски: Тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд, затоа повикувам на будност и внимание

А1он

(ВИДЕО) Ковачки: Ветуваме реконструкција на пругата Кочани – Велес

А1он

Дафина Стојановска: Народот доаѓа по она што Али и Груби му го одзедоа

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплатил помош да гласаат за него

А1он

Мицкоски: По осми мај започнува трансформација на Македонија со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ