Трипуновски: Министерството и Владата нема да ги напуштат земјоделците, заедно ќе ги решаваме проблемите на производителите на жито

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски после интензивните состаноци изминативе денови излезе со информација за откупот на жито од реколта 2024 година.

– Агенцијата за стокови резерви ќе набави 15.000 тони пченица исклучиво од македонско производство нема да бидат од увозен карактер, вчера на седница на Влада беше стопирана одлуката за објавата за набавка се со цел да се сменат сите правила на игра за да биде македонската пченица таа што ќе биде откупена. – изјави Трипуновски.

Дополнително ќе биде продолжен рокот на мерката за складирање на пченица и јачмен се со цел да се излезе во пресрет на сите оние земјоделци коишто нема да можат да ја предадат својата пченица.

Трипуновски напомена дека будно ќе го следи процесот на жетва и откуп на лебно жито бидејќи земјоделците имаат посветен партнер кој се грижи да тие бидат задоволни од тоа што го обработуваат.

– По завршување на оваа жетва веќе ќе работиме на структурни промени се со цел идната реколта 2025 година да немаме вакви проблеми, да секоја година во текот на жетвата се решаваат ситуациите и се дефинираат цените, тоа значи структурни реформи коишто ќе бидат на пиедестал земени земјоделците, сите оние проблеми коишто ги имаат и во делот на субвенционирањето и во делот на мерките проектите се со цел да имаме производна година којашто ќе биде предвидлива, а не како досега да во текот на жетвата се дефинираат работи. – заврши Трипуновски.

Би можело да ве интересира

Владата нуди помош за решавање на проблемот со водата за пиење во Струмица

Трипуновски: Лошите политики на претходниот министер земјава ја направија увозно зависна од храна

Трипуновски: Работиме преспанското јаболко да остане бренд и да имаме што повеќе задоволни земјоделци

Николовски демантира: Празни обвинувања и театар од Трипуновски

Трипуновски: Започнуваме со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство

Горан Наумовски

Трипуновски: Пумпната станица „Таор“ во катастрофална состојба, приоритет е модернизација на земјоделството и водостопанството