Триесетина менаџери преку лидер обуки ќе ги подобрат вештините за работа

Од:

Менаџери од 30-тина мали и средни компании од денеска ќе ги следат двонеделните лидер обуки што ги организира Сојузот на стопански комори во соработка со организацијата „Македонија 2025“.

Обуките се бесплатни и се одржуваат седма година по ред со професори од Универзитетот „Ричард Ајви“ од Канада. Фокусирани се на развојот на претприемништвото, стратешкото планирање, финансиското работење во компаниите и воведувањето на одредени иновации.

Годинава обуките ќе ги посетат менаџери на компании од преработувачката индустрија, агро секторот и трговските и услужните дејности.

– Самиот факт што од година во година имаме огромен интерес покажува дека овие обуки се успешни. Имаме конкретни примери во кои одредена компанија со воведување на некои промени во производниот процес бележи зголемување на производството во одредени сегменти и до 50 проценти, изјави Митко Алексов, извршен директор на Сојузот на стопански комори.

Лидер проект менаџерот Том Пиклс вели дека искуството досега е одлично и оти Македонија е едно од најдобрите места за имплементирање на проектот „Лидер“.

– Самите инструктори кои доаѓале од Канада се презадоволни затоа што не само што можат да им помогнат на македонските компании, туку и можат да научат многу од нив, истакна Пиклс.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Понудата и побарувачката конечно треба да ги одредуваат цените

ПЕРПЕТУУМОБИЛЕ СЕКЈУРИТИ е еден од добитниците на престижното признание за Македонски квалитет за 2022 година

Признание „Македонски квалитет 2021“ за 10 успешни национални претпријатија

А1он

Во Будимпешта одржа средба на десет стопански комори од Западен Балкан и од Вишеградската група

А1он

ВИДЕО: Заев со половина влада на средба со бизнисмените: Целосно ќе се посветиме на економијата

Жарко Настоски

Игротеки, установи за едукација, објекти за веселби бараат итно донесување протоколи и финансиска помош

Ана Ололовска