Трговската размена во јануари околу 803 милиони долари

Од:

Македонија во јануари годинава извезла производи во вкупната вредност 305.638.000 американски долари, а увезла стока вредна 497.227.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз е 61,5 проценти. Трговскиот дефицит изнесува 191.589.000 долари.

Во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот, пак, најмногу се застапени суровата нафта, платината и легурите на платина, необработени или во прав, рудите на никел и нивните концентрати и електричната
енергија.

Најголем дел од македонскит извоз во јануари отпаѓа на земјите-членки на ЕУ 27 (70.4%) и на земјите од Западен Балкан (19.0%). И во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (51.9%), како и Заедницата на независни држави (13.7%).

Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Русија, Бугарија и Србија (49% од вкупната надворешно-трговска размена).

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана