Трговската размена до октомври 10,9 милијарди долари

Од:

Вкупно 10,9 милијарди долари изнесува трговската размена на Македонија во периодот јануари – октомври 2017 година, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Извозот е 4,658 милијарди долари и бележи раст од 16,9 отсто, додека увозот достигнал 6,246 милијарди или 12,2 отсто повеќе.

Трговскиот дефици е 1,588 милијарди долари.

– Трговската размена покажува дека највеќе се извезуваат катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетови на проводници за палење, за возила, авиони или бродови, фероникел и облека. Во увозот најзастапени се платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија, наведува ДЗС.

Во периодот јануари – октомври 2017 година, според вкупниот обем на размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Би можело да ве интересира

Од денеска трговците со повеќе од 10 вработени на денван основа цените треба да ги имаат на веб страниците

Намален прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

Вкупната трговска размена лани 20.424.810 илјади евра, трговскиот дефицит 3.825.646 илјади евра

Нови 40 компании се приклучија на балансната група на „РЕС“

Данас: Српскиот извоз во Русија во јуни е зголемен за 30 отсто во однос на истиот месец лани

Осигурителите го зголемија просторот на ризични области во Црното и Азовското Море

А1он