Трговци со зеленчук ја оштетиле државата за 300.000 евра: Финансиска со кривични за даночно затајување

Од:

По спроведените контроли на Управата за финансиска полиција во соработка со Државниот пазарен инспекторат, УЈП и МВР во врска со спроведувањето на одлуките на Владата за утврдување на најниски цени на за одделни земјоделски производи, биле констатирани незаконитости во надлежност на Управата за финансиска полиција.

„Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе три кривични пријави против три физички и три правни лица за постоење на основани сомневања за сторено кривично дело даночно затајување од член 279 ст.2 и ст.3 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

Пријавените физички лица, во својство на управители на пријавените правни субјекти, свесно и со однапред утврдена намера, со цел да се стекнат со противправна имотна корист за себе и за правните субјекти, во периодот од 01.01.2023 година до 25.04.2023 година, значителен дел од набавената трговска стока (прехрамбени производи) евидентирана на залиха во износ од 112.727.586 денари неосновано ја присвоиле за себе и не ја евидентирале во сметководствената евиденција на правните лица како кусок, при што не пресметале, не пријавиле и не платиле Данок на додадена вредност по даночна стапка од 5% во износ од 5.636.379 денари и Данок на личен доход во износ од 12.524.718 денари“, објави финаниска полиција.

На овој начин пријавените предизвикале штета на Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 18.161.097 денари или 300.000 евра.

Би можело да ве интересира

Трговците се загрижени за ограничените маржи на основните производи

Трговците ги доставија предлози за намалување на цените, на потег е Владата

Следната недела ќе се знае дали ќе има ограничување на маржите на основните прехранбени производи

Канада е подготвена да му возврати на Трамп

Кривични пријави за поранешен помошник министер и раководител во МВР за незаконски јавни набавки

Катерина Ѓуровски

Измама со ортопедски помагала од 8,7 милиони денари, Финансиска полиција поднесе кривични пријави

Катерина Ѓуровски